ШТО САКАШЕ ДА КАЖЕ СО ОВАА МИСЛА ЏЕК МА: Светот ќе страда во наредните 30 години
Објавено во: Економија 12 Септември, 2019
Во наредните 30 години светот ќе претрпи големи социјални немири бидејќи технологијата целосно ќе ја промени економијата. Оваа мисла излезе од устата на милијардерот кој пред два дена ја напушти функцијата на компанијата која ја воздигаше скоро две децении.
Што сакаше да каже Џек Ма со мислата дека „Светот ќе страда во наредните 30 години“
Тој гледа повеќе страдање отколку среќа и затоа порачува да се воведат итни реформи во образованието за секој да добие можност да се стекне со соодветни вештини кои ќе го направат конкурентен на пазарот на трудот за да може да се „натпреварува“ со роботите.
СЕКОГАШ ЧЕКОР ПРЕД ДРУГИТЕ: Скромниот Џек Ма и неговите тајни за успех- Пред 15 години над 300 пати држев говори со предупредување од последиците кои ќе ги нанесе интернет трговијата, но малкумина слушаа. Денес работењето со „клауд“ сервери и вештачка интелегенција е неопходно за бизнисот, па затоа традиционалните индустрии треба да престанат да се жалат од развојот на технологијата и да почнат да бараат решенија, вели Ма.