Што се распродава УЈП?
Објавено во: Економија 09 Август, 2019
На листата за аукција која ќе ја направи Управата за јавни приходи има најразлични предмети, моторни, товарни возила, телевизори, компјутери, машини и друго.
Од автомобилите, најниска проценета почетна вредност има Ауди (42.000 денари), комбе Мерцедес (60.000 денари) и камион Фап (84.000 денари).
Почетната цена на предметите варира во зависност од годината на производство, состојбата, употребливоста и слично.
Преку веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk може да ги погледнете активните аукции, а на ЛИНКОТ може да направите преглед на предметите кои ќе се распродаваат на 22 месецов.