25 Април, 2024
0.1092

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ? Цената на нафтата продолжува да паѓа - поради ова целиот свет е во паника

Објавено во: Економија 26 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата денеска продолжија да паѓаат, втора сесија по ред, поради стравувањата од намалена побарувачка на гориво поради очекуваната глобална рецесија предизвикана од зголемувањето на светските каматни стапки и јакнењето на американскиот долар, што ја ограничува способноста на потрошувачите кои поседуваат други валути за да купат нафта.

Европската нафта од типот „брент“ за ноемвриска испорака (идни договори) падна за 1,24 долари или 1,44 отсто, на 84,91 долари за барел, покажуваат најновите достапни податоци на oilprice.com, кој ги следи пазарните цени во реално време.

Фјучерсите на американската сурова нафта WTI, исто така за испорака во ноември, потонаа за 1,32 долари или 1,68 отсто, на 77,42 долари за барел.

Цените на двата вида нафта во петокот се вратија за околу 5,0 отсто на најниското ниво од јануари годинава, пренесува Ројтерс. Растот на доларот, кој денеска достигна ново 20-годишно ниво во однос на кошницата на главни валути, има тенденција да ја потисне побарувачката за нафта бидејќи купувачите кои користат други валути треба да трошат повеќе за да добијат долари за да платат за „црното злато“ со кое се тргува во американска валута.

Централните банки во голем број земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, еден од најголемите светски потрошувачи на сурова нафта, минатата недела ги зголемија референтните каматни стапки за да ја спречат зголемената инфлација, што доведе до загриженост на пазарите дека заострувањето на условите за задолжување може да предизвика економско забавување.

Вниманието на играчите на пазарот сега е свртено кон она што Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници предводени од Русија, или алијансата наречена ОПЕК +, би можеле да направат на состанокот на 5 октомври, откако на последната седница се согласија на скромно намалување на производството.

Бидејќи ОПЕК + произведува далеку под целното производство, секое новонајавено намалување на транспортот можеби нема да има големо влијание врз понудата, проценува британската агенција.

Податоците објавени минатата недела покажаа дека групата ОПЕК + не го достигна целното ниво на производство за 3,58 милиони барели дневно во август, што е поголем недостиг од јули.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија