Што се случува со вредноста на доларот, еврото и цената на нафтата?
Објавено во: Економија 13 Јануари, 2021
Се намали вредноста на доларот во однос на еврото.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 89,97 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 104,25 на 103,60 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,2210 долари, додека вчера во ова време беше 1,2150 долари.
Цените на нафтата, скокнаа дополнително по објавените податоци вчера за поголем пад на залихите на сурова нафта во САД, што ги зголемува надежите за посилна побарувачка. На американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 1,1 процент, на 53,80 долари, додека на лондонскиот пазар, барелот порасна за 1,3 проценти, на 57,30 долари. Ова се највисоките нивоа на цени од февруари лани.