20 Април, 2024
0.0259

Што се случува во Топлификација АД? Собрание на акционери на 18 октомври. Но зошто?

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Случувањата во Топлификација АД Скопје изминатиов период ја окупираат јавноста со објавите кои се објавуваат на берза. Се обидовме да дознаеме од каде започнаа проблемите и што се случувало изминатите две години.

Според информациите кои ги добивме од дел од акционерите на Топлификација АД Скопје  на 12 јули 2016 година, компанијата закажала собрание на акционери каде се случил невиден хаос. На Собранието не било овозможено да присуствува адвокат на „Битар Холдингс Лимитед“ кој имал уредно полномошно од компанијата која е сопственик на 16,44 % од акциите на Топлификација АД. На инсистирање на голема група акционери, нотарот кој го водел Собранието одлучил да се одложи одржувањето на Собранието за 19.07.2016 година. Токму на Собранието на акционери на 19.07.2017 година се појавил лично директорот на Битар Холдингс Лимитед, кој буквално бил принуден еден час да докажува кој е и од каде е со документи кои не се потребни согласно законот. По неуспешниот обид да не се дозволи влез на директорот на Битар Холдингс Лимитед Управниот одбор му дозволил влез на својот најголем акционер. Битар Ходлингс Лимитед поседува 89,2 % од акциите во постројката за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје и е 100% сопственик на БЕГ АД, компанијата чии фирми ќерки го вршат греењето во град Скопје.

На самото собрание кога мнозинството одакционерите започнале да гласаат против одлуките предложени од Управниот одбор на Топлификација АД, членовите на Управниот одбор заедно со лицата задолжени за организација, го напуштиле Собранието притоа понесувајќи ги со себе акционерската книга, полномошната, компјутерите за евиденција и останатите документи неопходни за работа на собранието. 

Меѓутоа, нотарот кој од страна на Управниот одбор бил ангажиран да го води записникот на Собранието на акционери на Топлификација АД сметал дека има услови собранието да продолжи и се преминало кон гласање за утврдените точки.  

Една од точките било и гласање за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор. Мнозинството од присутните акционери гласале против работата на досегашните членови со што мандатот на членовите на Управниот и Надзорниот одбор во моментот престанал и тука започнуваат сите проблеми. Записникот изготвен од страна на нотарот бил поднесен во Централен регистар со цел да се избришат членовите на Управниот и Надзорниот одбор од тековната состојба. Управниот одбор на Топлификација спротивно на вољата на акционерите на ден 06.10.2017 година организира и одржува собрание на акционери на кое се гласа за точките за кои веќе еднаш се гласало на 19.07.2017 година и со помалку од 51% од акциите носи одлуки спротивни на претходните.

По ова следат граѓански и кривични постапки иницирани од акционерите за прекршување на правата на акционерите од страна на Управниот одбор на Топлификација АД. 

За да се разреши целата збрка, Основниот суд во Скопје носи решение со кое се назначува лице - акционер во Топлификација да организира ново Собрание на акционери, кое е закажано за 18.10.2017 година, а истиот повик е објавен и на интернет страницата на Македонска берза, каде се повикуваат сите акционери за масовност за да се разреши ситуацијата која се провлекува неколку месеци и која ја кочи работата на Топлификација.

Собранието на акционери на Топлификација АД кое е организирано од лице назначено од судот, ќе се одржи на 18.10.2017 година со почеток во 17 и 30 часот во хотелот Александар Палас.Материјалите кои ќе се разгледуваат на седницата на собранието се достапни на акционерите во просториите определени од лицето назначено за свикување на Собранието на акционери на  ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 39 локал 2, Скопје.



Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите