Што се случува во Узбекистан каде на протести загинаа 18 луѓе?
Објавено во: Свет 04 Јули, 2022
Во Узбекистан загинаа 18 луѓе на протести против уставни измени.
Безбедносните сили привеле 516 демонстранти. Многу од нив сега се ослободени, објави Националната гарда, пренесува РСЕ.
Протести избија во регионалниот главен град Нукус и други градови по предложените измени на Уставот на Узбекистан, иницирани од претседателот Шавкат Мирзијоев на 27 јуни, вклучително и отстранување на јазикот. Со предложените измени на Уставот се укинува загарантираното право на Каракалпакстан да бара независност ако граѓаните одлучат да го сторат тоа на референдум. Во соопштението објавено на интернет, Мирзијоев рече дека демонстрантите презеле „деструктивни акции“ во Нукус, главниот град на регионот, фрлајќи камења, предизвикувајќи пожари и напаѓајќи ги безбедносните служби.
Во соопштението објавено од неговата канцеларија на 3 јули, Мирзијоев призна дека имало жртви меѓу безбедносните сили и меѓу цивилите на масовните протести во регионот, а во друг извештај стои дека над 1.000 луѓе се повредени. Локалните жители велат дека интернетот и телефонските услуги се строго ограничени, а вонредната состојба го ограничува движењето.
Узбекистан има територија од 448,978 km² на која живее население од 35.300.000 од кои дури 84.4 отсто се етнички Узбеци. Но, западниот дел на земјата, односно нешто над една третина од вкупната површина (37,1 отсто), ѝ припаѓа на автономната република Каракалпакстан.