ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЗУБИН ПОТОК: Косовски специјалци пукаат во невооружени Срби, Србија на готовс
Објавено во: Балкан 28 Мај, 2019
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска одржал седница на Советот за национална безбедност после која е воочено поместување на единицата на Војската на Србија во Краљево.
Претседателот на Србија рекол дека во акцијата на Приштина се уапсени 23 лица на српската и бошњачка националност.
Косовските специјалци упаднале на Косово и Метохија со вкупно 73 возила.
Борбената готовност на војската и полицијата на Србија е подигната на највисоко ниво а во касарната на Војската на Србија во Краљево е забележана активност на оклопни возила.
Што се случува во Зупче?
Припадници на РОСУ упаднале утринава на Северот од Косово и досега уапсени 13 Срби припадници на косовската полиција. Најнапнато е во Зубин поток каде РОСУ пукаат на невооружени Срби кои се обиделе да им го препречат патот.
На магистралниот пат кон Зубин поток и понатаму трае операцијата на специјални косовски сили РОСУ, кои се обидуваат да се пробијат до Зубин поток, пренесуваат медиумите од Србија.
Дел од медиумите во соседството објавија дека и барикадите се пробиени.