25 Април, 2024
0.0282

Што утврди вонредната ревизија на „Дилојт“ во „Скопски пазар“?

Објавено во: Економија 16 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Ревизорската куќа „Дилојт ДОО“ Скопје подготви Извештај за независно разумно уверување за одговорната страна „Скопски пазар“ иницирано од акционерот „Современ дом“. Документот се однесува на работењето во 2014 година и во 2015 година. Наодите во документот содржат ценовно – чувствителни информации и со нив се запознаени раководствата на Македонската берза и на Комисијата за хартии од вредност, но и покрај тоа не се објавени на увид на инвеститорската заедница. „Фактор“, во услови на закани со кривични пријави за објава на детали од извештајот, со единствена цел целосно и објективно информирање на јавноста побара коментари и објаснувања за наодите од ревизијата и од двете заинтересирани страни. Одговорите ги објавуваме во целост:

Одговор од „Современ дом“:

-Со ревизијата што ја изврши ревизорската куќа ДИЛОЈТ доо Скопје, само се потврдија  неправилностите во  управувањето од страна на управниот и надзорниот одбор  на  Скопски Пазар.

Современ дом АД Прилеп како најголем поединечен акционер во Скопски пазар АД Скопје  во изминатите две години на сите собранија  на акционери на Скопски пазар АД Скопје, укажуваше дека постојат неправилности во работењето на органите на управување. 

Но, сите останаа глуви и единствена можност да ги докажеме нашите забелешки беше да согласно член 460-в од Законот за трговски друштва, побараме да Собранието на акционери на Скопски пазар АД Скопје назначи овластен ревизор кој ќе изврши увид, ревизија, проверка, и уверување за одредени активности од страна на менаџерскиот тим за кои е изразено сомневање за постоење на можбни регуларности.

Не би сакале посебно да навлегуваме во наводите на ревизорите, ниту да ги коментираме нивните мислења и би оставиле секој што ќе го прочита да си донесе сопствен заклучок.

Посебно не радува фактот што според наши информации за првпат на барање на акционер во пракса е спроведен горенаведениот член од ЗТД.

Сакаме да искажеме загриженост од однесувањето на раководството на Скопски пазар АД Скопје кое и по скоро три месеци од изготвувањето на ревизорскиот извештај не го објави како ценовно чувствителна информација за запознавање на инвеститорската јавност, со што сметаме дека грубо ги прекршува правилата, како котирана компанија на Македонската берза, за што се надеваме дека надлежните институции, односно Комисијата за хартии од вредност и Македонска берза ќе превземат соодветни мерки. 

Сосема за крај без големо преудицирање, би сакале да споменеме дека на сличен начин со необјавување и прикривање на информации во светот се имаат случено големи финансиски афери со катастрофални последици.

„Современ дом“ Прилеп

Одговор од „Скопски пазар“

Почитувани,

Ви благодариме за Вашата e mail порака.

Врз овнова на Одлука на Собранието на акционери на „Скопски Пазар“ АД Скопје, а на барање на акционер на Друштвото, Друштво за ревизиски, консалтинг и даночни услуги Дилоит ДОО Скопје изготви Извештај согласно со меѓународните стандарди за ревизија.

Согласно одредбите од Законот за трговските друштва, Извештајот беше доставен до акционерот – подносител на барањето, како и до „Скопски Пазар“ АД Скопје. Друштвото не е овластено да ја запознава јавноста со содржината на ваквиот Извештај, а согласно Законот за трговските друштва.

Воедно, имајќи ја во предвид содржината на Вашиот допис, постои можност акционер или група акционери да ја повредиле обврската за чување на деловна тајна на Друштвото. Во интерес на останатите акционери и Друштвото сакаме да ве известиме дека секое обелоденување на податоци кои се сметаат за деловна тајна на Друштвото, ќе се сметаат за основ за поведување на постапка за утврдување на Кривичната одговорност на оние акционери кои истата должност ја повредиле. 

„Скопски пазар“ А.Д. - СКОПЈЕ

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?