Што велат текстилните компании за повисок минималец?
Објавено во: Економија 23 Октомври, 2019
За текстилните компании зголемувањето на минималецот ќе биде проблем.
Растот на минималната плата ќе донесе проблеми со работниците, кои и сега не се продуктивни, оценија вчера членките на текстилниот кластер. Тие побараа да се врати законското решение со коешто ќе можат на 20 отсто од вработените во една фабрика да им исплаќаат плата под минималната, иако ваков закон веќе беше укинат од Уставниот суд. Некои од членките на текстилниот кластер излегоа со предлог еден ден да покажат граѓанска непослушност, за да ги усвојат нивните барања.