20 Април, 2024
0.0283

Што велат Заев и Ахмети за бојкотот?

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

За лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, бојкотот не е опција за претстојниот референдум. 

Според Заев, бојкотот носи трња и троскот, ништо друго.  

„Како мал пазар тешко се опстојува. Можеме само здружени заедно“- рече Заев во Неготино. 

Заев праша дали треба да се изгубат уште 27 години и Македонија да оди во бездна. 

„Сите знаеме дека направивме компромис. Сите секој ден паравиме компромиси, и децата во градинка со играчките, и јас и моите сопруга правиме компромиси, тоа го движи светот напред.  Од учебници учевме дека е факт како има Егејска и Пиринска Македонија. Од историскиот регион ние сме Северна Македонија. Ние ќе бидеме македонци признати во целиот свет.  Дали во втора декада на 21 век ќе го освојуваме Солун или Сандански или ќе подадеме рака, оти имаме само еден живот. Должност е на лидерите да обезбедат иднина, и затоа решението е фер. Не е точно кога викаат дека двете страни добиле и изгубиле, не, двете страни само добија и ништо не изгубија. Со компромис и подавање рака ги сменивме нешатата во нашата земја. Требаше да се реши проблемот со Грција, направивме потег, првин го решивме со Бугарија. Викаа дека ќе не снема, но трговијата порасна со 12 проценти. Нашите уметници држат концерти во Бугарија, се играат спортски натпревари, имаме придобивки кои ќе растат, така ќе биде и со Грција. Од соседите кои ни беа непријатели, направивме пријатели“ – порача Заев.

Ахмети рече дека земјата се наоѓа во многу важни и одлучувачки моменти за иднината на земјата, за Албанците и сите граѓани на Република Македонија.

„30 септември, ден што нема да се повтори, бидејќи на 30 септември се одлучува за иднината на ова земја. Дали ова земја ќе оди напред или ќе седи во место на недефинирани позиции. Секоја вечер се праќаат пораки од разни председатели на земјите од Европа, тие се наши пријатели и ѝ посакуваат добро на нашата земја, ѝ посакуваат добро на Македонија. Тие упатуваат повик нашите граѓани позитивно да се изјаснат на 30 септември и да гласаат ЗА договорот, да гласаат за НАТО, да гласаат за ЕУ, за мирот, стабилноста, безбедноста, иднината, владеењето на правото и правната држава“- рече Ахмети. 

Според него, бојкотот е оружје на злобниот, не на демократијата што ние ја инсталиравме во земјата. Двете партии преку трибини по градови ги информираат граѓаните за Договорот со Грција и зошто треба да се гласа на референдумот. 

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители