19 Април, 2024
0.0313

Што всушност сакаше да ни порача Верушевски

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Го впери прстот кон Никола Груевски како главен креатор на големото прислушување, но името на Сашо Мијалков, поранешен директор на УЈП и првообвинет во случајот „Таргет-тврдина“, не го спомена. 

Екс разузнавачот Зоран Верушевски не сакаше да прецизира каква е вината на актуелните обвинети, односно Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, Тони Јакимовски, Владимир Варелов и други.

Верушевски, за одговорни за овој најголем скандал во историјата на земјава, покрај Никола Груевски, ги смета и Горан Грујовски и Никола Бошкоски, кои сето ова го следат од Грција каде што избегаа уште кога беа обвинети. 

Затоа и во јавноста преовлада впечатокот дека премолчено Верушевски сака да го амнетира Мијалков од одговорноста. 

Верушевски и вчера не ги направи појасни работите околу бомботе, иако тој ден сите го очекуваа како клучен за да се реши мистеријата.

За бегалецот Груевски Верушевски нагласи дека имал патолошка желба да остане на власт и го прекршил секој закон, ја злоупотребил секоја безбедносна институција во земјава и ги прислушувал граѓаните и опозицијата.

„Досието што лидерот на СДСМ го доставил во СЈО се само мал дел од прислушуваните материјали кои ги имале тогаш Никола Груевски, Горан Грујовски и Никола Бошковски. Поголемиот дел од материјалите се во рацете на бегалецот во Унгарија и двајцата пребегани во Грција. Што содржат тие, само Господ знае“, нагласи екс разузнавачот. 

Верушевски објасни дека на првиот тогашен опозиционер, Зоран Заев, прислушуваните материјали му ги обезбедил во електронска форма.

Обвинителите, кои порано од СЈО го водеа случајот, а сега веќе преземени од државното обвинителство, имаа што да го прашаат Верушевски. Меѓу другото - дали некој изнесувал материјали од СДСМ и дали има такви сознанија, но тој не одговори прецизно, поради што обвинителката Ленче Ристовсска констатираше дека „сведокот избегнува да даде одговор на прашањето“.

Верушевски немаше јасен одговор и на прашањето каде всушност се правела анализата на нелегално стекнатите материјали, туку наведе дека анализите се мисловен процес, а не физички, и се прават индивидуално, а предодредени се со интелектуалниот капацитет на поединецот. 

Но не заборави да ја искритикува државата дек нема чувство како треба да им се оддаде почит на некои луѓе за нивната саможртва. гани во јавноста, од 2015-та кога го дал првиот исказ па дури и сега.

А првообвинетиот Сашо Мијалков, кој претходно имаше голема желба да ги распрашува другте сведоци, сега тоа не сакаше да го стори и со Верушевски. 

СЈО го отвори Таргет-Тврдина во 2016 година, и во него Никола Груевски не е обвинет.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба