29 Март, 2024
0.0292

Што значи минималната плата за компанија или вработен во Берово, Штип, Битола,Тетово или Скопје

Објавено во: Економија 14 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Се уште не се знае за колку ќе се зголеми минималната плата.

По овие најави на властите експерите ги направија и првичните анализи.

Не е договорено колку ќе изнесува минималната плата со покачувањето а според премиерот Заев целта е да се создаде одржлива минимална плата. Заев вели дека треба платите да се зголемат, но тоа да биде одржливо за бизнисот. 

Со читателите на Фактор ставот околу новата мерка за субвенционирање на социјалните придонеси на зголемените плати во реалниот сектор го сподели даночниот експерт Павле Гацов а од друга страна анализа направија и економските професори Проф. д-р Борче Треновски и Кристијан Кожески.

„Со предлог Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата се создаваат услови за делот на покачените нето плати во рамка од 600 до 6.000 денари месечно покачување по работник, припаѓачкиот износ на социјални придонеси да падне на товар на државниот буџет со трансфер директно во корист на сметките на Фондовите за ПИО и здравство, односно во корист на Агенцијата за вработување“ , анализира Гацов.

-Имајќи го предвид бројот на работници кои најверојатно се засегнати со минималната плата во Македонија, а кој изнесува околу 130 000 работници, или 18проценти од вкупните вработени во државата станува јасно дека идните промени во нивото на минималната плата ќе имаат значајни ефекти врз останатите економски детерминанти, како на регионално така и на нацинално ниво. Пред сѐ мислиме на влијанието на минималната плата врз вработеноста, структурата и нивото на платите над минималната плата, како и вкупната маса на плати во економијата-велат професорите Треновски и Кожевски во анализата Дали регионалните разлики ги „јадат“ ефектите на минималната плата.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие