19 Април, 2024
0.0270

Што значи одлуката на Министерство за здравство за централизирана набавка на биолошки лекови

Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Неодамна Министерство за здравство донесе одлука за централизирана набавка на биолошки лекови, почнувајќи од Клиниката за радиотерапија и онкологија, Клиничките болници во Битола, Штип и Тетово како и други болници низ државата, наместо досегашната пракса самите клиники, да ги набавуваат од условените буџети. Биолошките лекови се најмногу потребни за онколошките, хематолошки, невролошки и ревматолошките пациенти, со малигни, инфламаторни и автоимуни болести, а истите не се на позитивната листа. Станува збор за лекови кои се дел од стандардните протоколи во европските земји, т.е. иновативна терапија за рак на дојка, рак на бели дробови, метастазиран меланом, хематолошки болести, лимфоми, мултиплекс склероза, ревматоиден артритис, васкулитис и други.

Зошто ваков потег и што се очекува од централизираната набавка?

Покрај пристапот до иновативна терапијата предностите од ваквата набавка се големи, а очекувањата бројни. Тоа значи дека за првпат ќе има широка достапност на иновативна терапија според европските стандардни протоколи за третман, и тоа 40 молекули кои во моментот не се позитивната листа на лекови. Пациентите, досега, или не ја примале биолошката терапија или пак оние што можеле да си дозволат ја набавувале приватно по екстремно висока цена одејќи во странство за да ја примаат терапија. Сега, веќе нема потреба од тоа.

Овие промени значително ќе го олеснат третманот за пациентите со онколошки, хематолошки и автоимуни заболувања. Централизираната набавка ветува и дека веќе нема да има ситуации во кои поради недоволниот буџет и ограничување на средствата, на пациентите да им доцни терапијата. Сега со централизираната, двегодишна набавка на овие лекови, автоматски се зголемува и бројот на болни што ќе добиваат терапија, односно се обезбедува терапија и за тековните и за ново-дијагностицираните пациенти.

Бенефитите покрај за пациентите, се прошируваат и на финансиските фактори. Централизираната набавка овозможи оптимално искористување на средствата и со тоа се создаде заштеда, односно веќе се постигна подобра цена за набавка на поквалитетни лекови за пациентите. Бездруго, централизираната набавка овозможува редовна испорака на терапијата со тоа што досега поделениот процес, по клиники, сега е централизиран и унифициран, придонесува за целосна и поголема транспарентност, со фактот дека овој процес е отворен и може да се следи преку електронскиот систем за јавни набавки. А што се однесува до заштедата, проектираната на годишно ниво е над 5 милиона евра.

Со ваквата одлука, максимално се олеснува пристапот до лекови и се подобрува третманот на пациентите со малигни заболувања. Минатата година во Македонија се регистрирани 9.642 новозаболени лица со малигна неоплазма, од кои 72 деца.

Можеби ќе ве интересира

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023