23 Април, 2024
0.0263

ШТО ЗНАЧИ СИЛНИОТ ДОЛАР ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ? Дали неговата доминација ќе ја уништи вредноста на дигиталните пари

Објавено во: Економија 22 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Растот на американскиот долар може да изврши силен пад врз цените на криптовалутите, кои веќе претрпеа големи загуби. Биткоинот, на пример, веќе изгуби речиси 60% од својата вредност од лани до денес.

Во последните неколку месеци доларот достигна историски високо ниво во споредба со главните ривали од светската кошничка на валути, пишува Investor.

Британската фунта во петокот падна на најниско ниво во однос на американскиот долар од 1985 година и се тргуваше до 1,14 долари. Во јули еврото падна под паритет во однос на доларот за прв пат по речиси 20 години, пред да се опорави на претходното ниво. Претходно овој месец, јапонскиот јен исто така падна на најниско ниво во однос на американскиот долар од 1998 година.

Доларот имаше корист бидејќи Федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки побрзо од другите големи централни банки, велат аналитичарите.

„Тоа им дава простор на меѓународните инвеститори да веруваат дека САД ќе бидат вистинското место за инвестирање, бидејќи тие нема да дозволат инфлацијата да излезе од контрола“, рече Мајк Вогелзанг, главен инвестициски директор во Captrust.

Во меѓувреме, САД „веројатно нема да паднат во рецесија толку длабока како, да речеме, во Германија, Англија или Велика Британија“, смета Вогелзанг.

Зошто доларот е важен за крипто

Доминацијата на доларот е штетна за криптовалутите, а најголем дел од тргувањето со биткоин се одвива во однос на доларот. Околу 70% од обемот на трговија помеѓу биткоин и фиат валути се одвива токму во американската валута. Најголемата криптовалута е намалена за 14% во изминатата недела и речиси 60% од почетокот на годината, според податоците на CoinDesk.

Што е уште полошо за криптовалутите, порастот на доларот најверојатно ќе продолжи.

Според Марта Рејес, шеф на истражување во крипто берзата Bequant, единствената насока во која може да оди доларот е растот. Како фактори кои значително влијаат на вредноста на валутата, таа ги посочува енергетската криза во Европа, политиката на негативни стапки во Јапонија и политиката на нулта Ковид во Кина.

Има и некои различни мислења. Тод Морган, претседател и партнер во Bel Air Investment Advisors очекува изненадувања кога станува збор за курсот на доларот.

„Верувам дека доларот ќе почне повторно да паѓа на пореални вредности следната година. Овде сум со резерва, бидејќи понатамошната каматна политика на ФЕД, која е тешко да се предвиди во овој момент на среден рок, може значително да влијае на вредноста на доларот“, рече Морган

Можеби ќе ве интересира

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик