Шулц и дише во врат на челичната дама Меркел
Објавено во: Свет 13 Август, 2017
Мартин Шулц, предводникот на германските социјалдемократи смета дека созреано е времето за промени во Германија и конечен крај на долгото владеење на челичната дама Ангела Меркел која има се поголеми проблеми со нејзината десничарска коалиција.
- Сметам дека се уште имам добри шанси да ја предводам следната влада, изјави Шулц за CDF.
Германија има рекодно ниска невработеност, балансиран буџет и силна економија, така што Шулц треба да води тешка битка за да ја победи Меркел. Во телевизиското интервју тој беше предизвикан да се изјасни зошто луѓето би гласале за неговата Германска социјал демократка партија, а не за Демохристијанската унија на Меркел.
- На Германија и оди добро...но тоа што на Германија и оди добро, не значи дека на сите Германци им оди добро. Ние треба да бидеме многу подобри во повеќе области, рече Шулц.
Тој потенцира дека неговите социјалдемократи се коалициски партнер на Меркел во Владата и заслугите за успесите не би требало да се препишуваат исклучиво на нејзината партија.
Шулц нагласи дека се радува дека ќе се состави т.н. голема коалиција по изборите, но под негово раководство.