ШВАЈЦАРИЈА ЛИДЕР: Oва се најскапи држави за живот
Објавено во: Економија 18 Февруари, 2020
Швајцарија и Норвешка се најскапи земји кога се во пршање производите и услугите.
Анализата на деловниот магазин Ceoworld состави листа со 132 земји во светот кои се најскапи за живеење. На листата се најдоа и најприфатливи условите за живот.
Заклучокот е дека Швајцарија е на прво место, Норвешка на второ место, а потоа следуваат Исланд, Јапонија, Данска, Бахами, Луксембург, Израел, Сингапур и Јужна Кореја, пишува порталот „Новац.хр“.
Истражувањето ги мери трошоците за храна, облека и обувки, даноци и комунални услуги, интернет, транспорт и ресторани.
Македонија е на 113-то место и е една од најевтините земји за живот.