Швајцарски државјанин ставил дрвени таблички на возилото, и е фатен на граница, а имал пропуст кој сакал да го скрие
Објавено во: Балкан 05 Август, 2022
Возач со дрвени регистарски таблички на возилото се обидел да ја помине хрватската граница. Станува збор за 25-годишен државјанин на Швајцарија, кој управувал автомобил со босанско-херцеговски национални таблички.
Него го контролирале на хрватскиот граничен премин „Стара Градишка“ вчера околу 18 часот, на излез од Хрватска.
Полициските службеници се посомневале во автентичноста на регистарските таблички.
Утврдено е дека на 1. август, австриската полиција му ги одзела регистарските таблички поради техничка неисправност на возилото, додека не го санира дефектот. Но, возачот до 4. август тоа не го сторил, туку направил дрвени регистарски таблички на кои залепил хартија со пишана ознака за регистрација и тие ги користел како вистински.
Полицајците го извлекле возилото од патот и ги одзеле регистарските таблички, а против возачот поднеле кривична пријава до Општинското државно правобранителство во Славонски Брод. Возачот е осомничен за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.