26 Април, 2024
0.0260

ШВАЈЦАРСКО СЕЛО СИ БАРА ЖИТЕЛИ: Со пари ќе „намамат“ странци

Објавено во: Стил 05 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Мештаните од швајцарското село Албинен, во кантонот Вале, одлучуваат за новата политика со која на странци ќе им понудат пари да дојдат и барем десет години да живеат во селото.

Нудат околу 70.000 франци за четиричлено семејство.

Планот на локалниот Совет е на семејства или поединци, странци, кои ќе се одлучат да купат или изградат куќа во Албинен, да им подарат по 25.000 франци (21.500 евра) за секое возрасно лице во семејството и дополнителни 10.000 франци по дете.

Но, постојат и услови кои треба да се исполнат. Возрасните мора да бидат помлади од 45 години и да прифатат да живеат во селото најмалку 10 години.

При купување или изградба на куќа треба да вложат најмалку 200.000 франци и недвижнината мора да биде постојан дом, а не викендичка.

Албинен е село кое се наоѓа на 1.300 метри надморска висина, со поглед на долината Рона.

Малото село во кое сега живеат 240 жители, е едно од многуте во земјата, кои последните години имаат опаѓање на населението. 

Иако во селото постојат бројни викендички, жителите, посебно младите семејства, си заминуваат.

Само во последната година селото го напуштиле три семејства со вкупно 8 деца, па локалната власт морала да го затвори селското училиште.

Жителите на селото бараат од локалната власт да направи нешто за во селото да се врати животот. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти