Шведска бара ЕУ да воведе ембарго за извоз на оружје во Турција
Објавено во: Свет 11 Октомври, 2019
На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Шведска ќе бара Европската унија да воведе ембарго за извоз оружје на Турција, одлучи денеска шведскиот Парламент, пренесе Б92.
Министерката за надворешни работи Ан Линде вчера ја осуди воената офанзива во североисточна Сирија.
„Турција го крши меѓународното право, ја дестабилизира ситуацијата и ризикува големи човечки загуби, не само за Курдите. Советот за безбедност на ООН мора итно да се позанимава со ова прашање“, напиша таа на Твитер.