25 Април, 2024
0.0356

Швеѓаните нудат доживотна плата од 2000 евра да не работите ништо: Ова е работа од соништата

Објавено во: Свет 12 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Ако ви се допаѓа идејата да примате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој го финансира владата има за цел еден среќен кандидат да го вработи во Гетеборг. Се што треба да го работи вработениот е да се појави на железничка станица во одредено време и да го удри часовникот.

Она што е најневеројатно во целата замисла е позицијата да се гарантира до пензија со плата од 2000 евра, годишно зголемување, годишни одмори и уплати во пензиски фонд. Се додека вработениот не најде друга работа, позицијата му е загарантирана до крајот на животот.


Се почнало пред две години кога е распишан конкурс за уметниците кои, за награда од 670 000 евра морале да го смислат изгледот на железничката станица во Гетеборг. Уметниците Симон Голдин и Јакоб Сенеби добиле идеја парите од наградата да се пренасочат на работно место на човек кој „не работи ништо“.

Основале дури и фондација за да избегнат оданочување на парите од наградата, а потоа се вложиле во акции. Процениле дека вработениот ќе може да го плаќаат „вечно“ т.е. дека за таа позиција ќе имаат пари за следните 120 години.

Сепак, оваа одлука не наишла на воодушевување бидејќи поедини политичари ги обвиниле уметниците дека ги расипуваат парите на даночните обврзници. Други ги обвиниле дека идејата е без врска.

Всушност, уметниците со тоа се сложуваат.

-Целиот концепт некој да се појавува секој ден на работа само за да уклучи и исклучи светло е глупа и непродуктивна, но тоа е суштината на нашата идеја-велат тие.

Можеби ќе ве интересира

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции