Шверцувале марихуана и кокаин во реплики на трофејот од Светското првенство во фудбал
Објавено во: Свет 24 Јуни, 2018
Аргентинската полиција разбила криминална група која шверцувала марихуана и кокаин во реплики на трофејот од Светското првенство во фудбал, инфорираше министерот за безбедност на Буенос Аирес, Кристијан Ритондо.
„Овие трговци на смрта покажуваат бескрајна генијалност, но не дозволувајте да ве излажат. Не заслужуваат восхит. Напротив, тие сега се во затвор“ – рекол Ритондо, се наведува во соопштението.
Запленето е 20 килограми марихуана, 10 килограми кокаин, 1.800 дози крек-кокаин познат како „пасо“ и 400.000 аргентински пезоси. Во операцијата уапсени се четири мажи и две жени.