25 Април, 2024
0.0278

СИГНАЛ ДО БАНКИТЕ: Мал потег за големи промени – што направи НБМ?

Објавено во: Економија 16 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Кредитирањето на домаќинставата во февруари е во пораст. На истекот од првото тромесечје од годинава, Народната банка посегна по мерки за олабавување на монетарната политика. Дел од економистите велат дека ваквиот потег е очекуван во услови кога од една страна банките “пливаат“ во ликвидност, а од друга страна кога клиентите, особено компаниите се “жедни“ за свежи пари за инвестициски зафати. Сето ова во услови на стабилизирање на политичката состојба во земјава.

Мерки за стимулирање на кредитната активност

По економската стагнација во 2017 година,  но со подобрен “старт“ на оваа 2018 година, Народната банка реши да ја олабави монетарната политика. Ги намали каматните стапки за благајничките записи и каматните стапки на расположливите депозити на 7 дена и преку ноќ. Со овој потег јасно е дека гувернерот Димитар Богов праќа силен сигнал до банкарите од два аспекти, велат економистите. Прво, да ги мотивира банките за зголемена кредитна активност и второ, да се намалат каматите на кредитите.

“Со намалување на каматите за благајничките записи НБМ сака да влијае дестимулативно врз банките да ги врзуваат парите за записи и во исто време да ги мотивира за да ги пласираат пред се во стопанството, како кредити. Оваа мерка има на некој начин, економска развојна димензија. Практично со пониските камати за благајнички записи, банките се демотивираат за пасивно “врзување“ на слободните средства“ - вели економистот Павле Гацов.

Според најновиот февруарски извештај на НБМ,  на годишна основа, вкупните кредити во декември се повисоки за 5,7%, што е повисоко остварување во споредба со проектираниот раст од 4,6%.

“Остварувањата кај кредитната активност соодветствуваат со резултатите од

Анкетата за кредитната активност за четвртиот квартал од 2017 година, коишто укажуваат на раст на побарувачката на кредити и натамошно подобрување на кредитните услови. Се очекува дека ваквата динамика кај кредитната активност, според банките, ќе продолжи и во првите три месеци на 2018 година“ - се наведува во извештајот.

Оценувајќи дека по стагнацијата во 2017 година, оваа економска година има подобар почеток, со понатамошно стабилизирање на довербата и очекувањата на економските субјекти, постепеното забрзување на депозитниот раст, заедно со оценики за растот на клучните трговски партнери и воопшто подобрување на вкупниот политичко-економски амбиент, НБМ посегна по мерки кои водат кон олабавување на монетраната политика кои треба да ги стимулираат банките за поголема кредитна активност. 

“Во вакви околности, Комитетот оцени дека постои простор за олабавување на монетарната политика, при што на седницата беше одлучено каматната стапка на благајнички записи да се намали од 3,25% на 3,00%, Воедно, на седницата се одлучи да се намалат каматните стапки на расположливите депозити на 7 дена и преку ноќ, за 0,20 и 0,10 п.п., на ниво од 0,3% и 0,15%, соодветно. Имено, со оглед на релативно високото ниво на слободни парични средства на банките, коешто во голем дел е насочувано кон расположливите депозити кај Народната банка, преку намалување на  каматните стапки на овие инструменти се очекува дека банките ќе ги насочат своите слободни ликвидни средства во приватниот сектор и со тоа ќе овозможат посилна кредитна поддршка на економијата во 2018 година“ - велат од НБМ.

Дел од економистите велат дека овој пакет на мерки практично е во насока на зголемување на економскиот раст преку кредитниот пораст.

“Овие мерки на НБМ, во големата слика, треба да с ево насока на зголемување на економскиот раст преку стимулирање на кредитирањето за фирмите и за граѓаните. Дефинитивно ова е сигнал и инцијатива за пласман на слободните пари во приватниот сектор“ - вели Гацов.

Во однос на монетарните движења, првичните податоци за февруари покажуваат закрепнување на депозитната база по нејзиниот пад во јануари. Растот на депозитите во овој месец, во голема мера, е последица на повисокото штедење на домаќинствата, но раст забележаа и корпоративните депозити.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија