Сијарто му врати на Хан за што треба да се грижи
Објавено во: Свет 10 Декември, 2018
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто денеска кусо изјави дека еврокомесарот Јоханес Хан треба да се грижи за проширувањето на ЕУ, а не за законските процеси во земјите членки.
Тој реагираше на изјавата на Хан дека Унгарија најверојатно нема да го екстрадира поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.
Хан се сомнева дека Унгарија ќе го екстрадира Груевски. Тој утрово запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, одговори „се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно затоа што двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот парламент“.
Премиерот Зоран Заев не губи надеж дека Груевски ќе биде вратен. Тој вели дека многу работи кои изгледале како невозможни, сепак се оствариле.Груевски е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“, но против него се водат и други судски процеси. Тој скоро месец дена е во Унгарија, каде избега и доби политички азил.