Силен земјотрес ја погоди Атина
Објавено во: Балкан 19 Јули, 2019
Земјотрес со јачина од 5,1 според Рихтер е почувствуван во Атина, во 14.13 часот по локално време, а за сега нема информации за повредени.
Некои објекти претрпеле мала материјална штета.
Епицентарот бил на планината Парнита, на 23 километри северозападно од Атина, а беше почувствуван на целата територија на грчката престолнина.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, голем дел од граѓаните ги напуштија своите домови и излегоа на улица. Веднаш по земјотресот имало проблеми со мрежата на мобилните оператори и фиксната телефонија, интернетот функционира нормално, а во дел од атинските населби во прекин е снабдувањето со електрична енергија.
фото ЕПА