СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Луѓето по пижами бегаа на улица
Објавено во: Свет 19 Јули, 2018
Силен земјотрес денеска го погоди Мексико.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтеровата скала го зафати главниот град Мексико Сити, при што голем број жители ги напуштија своите домови и бизнис објекти.
Засега нема информации за повредени или за материјална штета.
Епицентарот на потресот бил во близина на градот Вахуапан де Леон во јужната мексиканска држава Вахака на длабочина од 55 км. Поресот регистриран околу 8:30 по локално време.
Луѓето по пижами бегале на улиците. Се стресоа зградите.Во Мексико претходно имаше повеќе земјотреси, а еден од нив однесе и многу човечки животи.
Во светот денеска земјотреси имаше во Грција, Италија, Турција, Франција.