СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Над 39 повредени, регионот парализиран
Објавено во: Балкан 24 Април, 2018
Најмалку 39 лица се повредени во земјотрес со jaчина од 5,1 степени, што ноќеска ја погоди провинцијата Адијаман во Турција.
Од повредените 35 се пренесени во болница, но никој не е во критична состојба.
Потресот се случил во округот Самсат во 3.34 часот по локално време и уништил неколку куќи. Бил почувствуван и во соседните провинции Шанлиурфа, Газиантеп и Дијарбакир. Земјотресот бил на длабочина од 10 км.
По првиот потрес имало уште осум последователни земјотреси од 1,4 до 2,7 степени.
Училиштата во овој дел на Турција нема да работат денеска.