Силен земјотрес погоди архипелаг
Објавено во: Свет 17 Август, 2018
Земјотрес од 6,6 степени го стресе индонезискиот архипелаг, информираше Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил на 153 километри североисточно од местото Раба, на островот Сумбава, на длабочина од 564 километри.
Засега не е познато дали има жртви, ниту колкави се материјалните штети.
Не е издадено предупредување за цунами.