Силен земјотрес северозападно од Сан Луис
Објавено во: Свет 19 Мај, 2017
Земјотрес од 5 степени утрово е почувствуван во северниот дел на Аргентина, соопшти ТАСС, повикувајќи се на геофизички институт на САД.
Епицентарот на потресот бил на 117 километри северозападно од градот Сан Луис, населено со околу 184.000 луѓе. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 169 километри. Нема информации за жртви или причинета материјална штета.
Земјотреси утрово имало во Италија, Турција, Иран и други држави.