СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА: Граѓаните ноќта ја поминаа на отворено
Објавено во: Балкан 20 Мај, 2018
Земјотрес со јачина од 4,6 степени синоќа околу 20.45 часот го зафати јужниот дел на Албанија.
Земјотресот најсилно е почувствуван во градот Валона, а епицентарот бил во близина на местото Орикум, на 23 километри од Валона.
Албанските медиуми информираат дека жителите на Валона ноќта ја минале под отворено небо, а десетина куќи во периферијата на градот, како и во неколку селски населби, имаат штети. Засега нема информации за жртви. Земјотресот е почуствуван и во други градови во Албанија како што се Фиер и Тепелена.