Силен земјотрес во Лариса - почувствуван е и во Македонија
Објавено во: Македонија 04 Март, 2021
Земјотрес со jaчина од 5,9 според Рихтер повторно ја потресе Грција, при што е почувствуван и во делови од Македонија.
Потресот е со епицентар 27 км од Лариса, на длабочина од 2 км. Лариса се тресеше и вчера, а во Грција има 11 повредени, но и причинета материјална штета.
Во Грција денеска имаше најмалку 20 земјотреси.
Снимки направени со дрон ја покажаа сликата од разурнатите места.