19 Април, 2024
0.0285

Силјановска: Кирацовски вработува со непотизам, Пендаровски: Јанушев е обвинет за криминал со кинеските автобуси

Објавено во: Македонија 26 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски по првиот изборен круг синоќа продолжија со ТВ дебатите, иако овој пат без отпаднатиот Блерими Река, во кои што си вкрстија обвинувања за шефовите на нивните изборни штабови.

- На Пендаровски шеф на изборниот штаб му е Александар Кирацовски, а за него вчера видовме како Комисијата за спречување на корупција се одважи и отвори сучаи за вработување на негови блиски со непотизам. Тогаш можеме да замислиме што ќе прави Пендаровски, ако така прави неговиот шеф на изборен штаб - рече Силјановска.

Кирацовски вчера објави дека неговата сестра и мајката на неговата сопруга, за чии вработувања Антикорупциска го стави на тапет, ќе се повлечат од работните места на кои се вработиле во меѓувреме. Пендаровски рече дека панданот на Кирацовски од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која стои зад Силјановска, нема случај со непотизам, но има со криминал затоа што лани се најде во предмет на Специјалното јавно обвинителство.

- Вашиот шеф на изборен штаб Јанушев е осомничен за сомнителна милионска набавка на кинеските автобуси - рече Пендаровски. 

Силјановска за Законот за употреба на албанскиот јазик рече дека некои негови решенија се донесени надвор од Уставот и Рамковниот договор и дека СДСМ прави политики надвор од правото. Пендаровски возврати дека „утре“ Силјановска доколку стане претседател ќе ја компромитира земјата пред другите доколку не го употребува новото уставно име а и ќе го загрози Преспанскиот договор со тоа што Киријакос Мицотакис, кој како претседател на опозициската Неа Демократија, поради тоа би побарал ревидирање на спогодбата доколку дојде на власт во Грција. 

Рече дека противкандидатот е предложен од поранешниот премиер Никола Груевски, инаку не би можела ни, како што вели тој, на изборната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски се осврна и на работата на актуелниот претседател во заминување Ѓорѓе Иванов, за кој рече дека ги предложувал уставните судии не по своја мислење и убедување, туку според него, под партиски диктат.

- Нам ни се „празни“ 22 амбасади затоа што дипломатите не му се по ќеф на Иванов. Немаме амбасадор во НАТО затоа што тој досега одби тројца кандидати - рече кандидатот зад кој што стои владината коалиција.

Силјановска рече дека претседателот на Македонија не треба да биде маргинализиран во склучувањето на меѓународните договори и дека треба да ги засили мултилатералните позиции на земјата во меѓународните организации.

- Во ОБСЕ и ОН имаме катастрофална мултилатерала затоа што таму по партиски диктат на нашите дипломати им било барано да кажат пред странците дека македонската опозиција прави државен удар - рече на тоа Пендаровски.

Силјановска наведе дека шефот на македонската дипломатија Никола Димитров не дозволил пред собраниската комисија за надворешни работи да се видат биографиите на новоименуваните амбасадорите со прогласување на документите за доверливи. Професорката потсети на слуајот со биографиите на амбасадорите Игор Џундев, Горан Стевчевски, Оливер Крлиу, Никола Колев, Абдулкадар Мемеди, Сузана Зеленковска, Екрем Ебиби, Рамадан Азифи, Крум Ефремов и Мира Крајачиќ 

- Господинот Пендаровски кога му беше советник за надворешна политика во 2008, тогашниот претседател Бранко Црвенковски склучи договор за соработка со Русија - рече таа.

Ова Пендаровски го потврди и рече дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо да го искористи сиот потенцијал во односите со Кина, тие барале провизии од нив. Побара од Силјановска да се тргне последното видео кое се објавува од позицијата бидејќи било срамно и понижувачко и не било во духот на договорот за разбирање.

- Тоа е тргнато, но има проблеми со исклучувањето при споделувањето, но ветувам дека ќе сторам се тоа да се исклучи целосно - вети Силјановска.

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне