16 Јули, 2019
0.0186

Силјановска: Пацоли да не се меша во претседателските избори

Објавено во: Македонија 23 Април, 2019

Гордана Силјановска Давкова го повика Беџет Пацоли да не се меша во претседателските избори, откако косовскиот министер за надворешни работи ги повика Албанците од Македонија да гласаат за противкандидатот Стево Пендаровски во вториот круг.

- Немам ништо против добрососедски односи, но ваквата изјава е невообишаена низ призма на начелата на ОН за немепање во внатрешните работи. Граѓаните Албанци знаат кому да го доверат својот глас. Тие сп апстиненција покажаа дека не се доживеуваат како објекти за политичко пазарење.  Јас лично, никогаш не сум правела разлика помеќу студенти Албанци и стиуденти Македонци, пријатели Албанци и пријатели Македонци. Ми препишуваат квалификации на Албанофоб. Тоа е навредливо и квалификација што не држи. Отворено изјавувам дека во ЕУ се оди само со беспоштедна битка со корупцијата, криминалот и непотизмот. Корист на таквиот модел ќе имаат и младите и постарите. Резултатите од битката со сите овие процеси ги нема. Нема да добиеме почеток на преговори. Потребни се европски процеси, а не колнење. - рече Силјановска.

За власта рече дека за 18 месеци доживеала колапс од 200.000 гласа, што според професорката е неминовен пораз на следните парламентарнии избори. Останува на ставот дека „рибата смрди од главата“ како што рече таа претходно за СДСМ и побара оставка од премиерот Зоран Заев.

- Законите важат и за носителите на јавните функции но тоа не го видовме до сега, истакна Силјановска.

Таа најави дека ќе одржува средби и со членовите на движењето „Бојкотирам“.

„Дијалогот е најдобар лек, имав успешен говор во Штип им објаснив на луѓе од „Бојкотирам“ дека така ништо не може да се смени. Ќе се сретнувам на средби со разочарани и си „Бојкотирам“. Јас сум подготвена на сите нивни дилеми и прашања да одговорам. Инаку разочараните се разочарани не само од промената на името туку и од моделот на владеење. Јас имам поголеми шанси од Пендаровски да ги добијам гласовите од аполитичките - тврди таа.

Можеби ќе ве интересира

Боки 13 во Шутка: Одреден му е притвор

Боки 13 во Шутка: Одреден му е притвор

Одземен е телефонот на Катица Јанева

Одземен е телефонот на Катица Јанева

(ВИДЕО) Полицијата влезе и во 1 ТВ

(ВИДЕО) Полицијата влезе и во 1 ТВ

Претрес во домот на Јанева?

Претрес во домот на Јанева?

Што содржи новата „бомба“ која ја објави Ел Чека?

Што содржи новата „бомба“ која ја објави Ел Чека?

Се врши претрес во домот на Јовановски

Се врши претрес во домот на Јовановски

ФОКУС НА ДЕНОТ: Уапсен Боки 13, Јанева си даде оставка

ФОКУС НА ДЕНОТ: Уапсен Боки 13, Јанева си даде оставка

Богоевски: Одговорност за сите, вклучувајќи ги и оние кои лажеа дека ја делеле нашата борба!

Богоевски: Одговорност за сите, вклучувајќи ги и оние кои лажеа дека ја делеле нашата борба!

Се стресе мало гратче на Истокот

Се стресе мало гратче на Истокот