26 Април, 2024
0.0287

Силјановска: Само еднаш се сретнав со Груевски, Пендаровски: За да се извиниш!

Објавено во: Македонија 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Гордана Силјановска Давкова во поседната ТВ-дебата на претседателските кандидати на ТВ21 пред самиот финиш на кампањата, односно изборниот молк, рече дека само еднаш во животот се сретнала со поранешниот премиер Никола Груевски. 

- Само еднаш го сретнав Груевски и тоа како претставник на професорскиот пленум кој беше против измените на законот за високо образование - рече Силјановска.

На ова нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски рече дека тоа било пред хотелот „Александар Палас“ кога му се извинувала, на што таа рече дека средбата не била таму туку во Владата каде што се водела расправа за законот.

Пендаровски рече дека не сака да добие гласови од оние кои ги навредуваат неговите конкуренти во текот на кампањата, откако Блерим Река говореше дека трпе екстремен говор од митинг на ДУИ.

- На функционерот на ДУИ му се јавив и му реков да престане со таа реторика. Ми рече дека нема да се повтори - истакна Пендаровски.

Силјановска му рече дека Владата и тој како дел од таа номенклатура треба да си поднесат оставка ако Македонија не добие Датум за преговори од ЕУ оваа година, на што Пендаровски возврати дека за тоа е потребно да се продожи работата на СЈО а ВМРО-ДПМНЕ, односно партијата која ја поддржува, го кочел тој процес.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот