20 Април, 2024
0.0272

Силјановска: За две недели добив плус 50.000 гласови

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Никогаш не сум се почувствувала посмирено и попродуховено, се обрати Гордана Силјановска Давкова од изборниот штаб по поразот од Стево Пендаровски на претседателските избори.

- Мојата енергија допре до умот и срцата на моите гласачи и јас сум им благодарна за таа ретка прилика. Денешниот ден личеше на Вивалди и Четирите годишни времиња. Денот воопшто нза мене не заврши како зима, но да добиете речиси 370 илјади гласови е голема благодарност а згора да станете позната по улиците како Гога е нешто ново во политиката. За две недели добив плус 50.000 гласови во разговори по улиците и тоа е голема победа. Не мислам дека јас како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја загубив битката - рече Силјановска.

После триесет децении влегов повторно во политиката и мислам дека не погрешив, додаде таа. Рекла дека посочувала на добрите европски практики и дека нудела решенија. Според Силјановска, политиката во Македонија се уште не е уметност туку дека е во рацете на партиите и дека тие одлучуваат најмногу за гласовите. Додаде дека е задоволна од учеството и дека добила голема политичка школа.

- Прашање е дали ваквиот резултат во однос на победениот кон победникот не значи поделба и дали синтагмата „Заедно одиме напред“ го ветува тоа. Не се срамам што учествував во оваа кампања. Се обидов да внесам поинаков говор, да го кренам нивото на дебатата, да бидам своја и да не заборавам на етиката. Многумина велат дека по овие избори веќе ништо нема да биде исто - истакна кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?