16 Април, 2024
0.0254

Силјановска за „љубави“, гушкањето на Заев и Борисов и за бугарската љубов кон Македонија

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Кога претседателот на државата Стево Пендаровски му шепоти на г-динот Борисов „љубави“на српски јазик, а премиерот Зоран Заев го гушка бугарскиот премиер како „брат“ и не убедува дека министерот за одбрана Каракачанов, „премногу ја сака“ Македонија, не треба да не чуди страсната бугарска политичка љубов кон неа, „невозвратена“ од „ клонираниот“ македонски народ, пишува професорката Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека бугарско-македонската мелодрама и личи на онаа од „Глувци и луѓе“ на нобеловецот Штајнбек, во која Лени, од „преголема“ љубов ги гушка до смрт саканите. 

„Да не ја заборавам г-ѓа Захариева, која е „сестрински“ вознемирена од нашето бесчуствително одбивање на „нераскинливите“ бугарско-македонски семејни врски и неразумното македонско негирање на „заедничката“ ДНК, небаре „ крвта е вода“!

А митската мала Еуропе? Па, зарем заборавивме дека и неа ја грабна Зевс? Мајката ЕУ пак, си ја брани официјалната фамилија! А, вечната невеста Македонија? Како Лидија, или како Сирма Војвотка, или како Неда, или како Елпида, или како Раца, или како селанката од Копачка, или како Росина ( Ружа) Бак, или како Вера Циривири, како да се однесува? Како напатена старица, се разбира: горда, умна, мудра, искусна, СВОЈА, ЕВРОПЈАНКА! ЕУ сепак, не е исто што и Европа. А, Македонија, географски, историски и културно, секогаш била дел од Европа. За тоа нема вето, вели Силјановска Давкова.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР ВО ГОЛЕМА ТАГА: Почина неговата мајка, тажната вест ја сподели на социјалните мрежи

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР ВО ГОЛЕМА ТАГА: Почина неговата мајка, тажната вест ја сподели на социјалните мрежи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србите реагираа по најавите дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србите реагираа по најавите дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

СТОИЉКОВИЌ: Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво

СТОИЉКОВИЌ: Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво

ФУРКАН САЛИУ ДО МВР: Уништувањето на доказен материјал верувам знаете подобро од мене дека е кривично дело

ФУРКАН САЛИУ ДО МВР: Уништувањето на доказен материјал верувам знаете подобро од мене дека е кривично дело

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Гир се надева дека ќе бидат донесени поскоро

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Гир се надева дека ќе бидат донесени поскоро

ПРОБЛЕМ Е НАПАДОТ ВО БАЊСКА: Oсмани ќе побара Македонија да излезе од Отворен Балкан

ПРОБЛЕМ Е НАПАДОТ ВО БАЊСКА: Oсмани ќе побара Македонија да излезе од Отворен Балкан

МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ, вакцината ќе биде достапна и за момчињата

МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ, вакцината ќе биде достапна и за момчињата

ЗАСЕГА ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПОБАРАЛ ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ - Бујар Османи апелира сите наши граѓани таму да остават свои броеви до МНР

ЗАСЕГА ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПОБАРАЛ ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ - Бујар Османи апелира сите наши граѓани таму да остават свои броеви до МНР