29 Март, 2024
0.0284

Силјановска започна со собирање 10.000 потписи

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Гордана Силјановска Давкова, иако е номинирана од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател на Македонија, започна со собирање на 10.000 граѓански потписи.

Професорката не мора да го прави тоа, бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат.

„Како што ветив во Струга, Ве известувам дека формално ја информирав Државната Изборна Комисија за започнување на процесот на собирање на најмалку 10 илјади потписи за претседателската кандидатура Од утре сите вие што мислите дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро, на 46 локации низ цела Македонија ќе може да ги дадете вашите потписи. Време е без разлика на партиската, етничката, половата, старосната структура да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала Во текот на денот дополнително ќе бидете информирани за точните локации, процедури и потребни документи“, информираше Силјановска.

На Конвенцијата во Струга изрази подготвеност да побара поддршка од сите граѓани, здруженија и политички партии, па дури и од СДСМ.

„Прашање е само колку јас се вклопувам во тоа што тие го велат консензуален кандидат“, рече Силјановска кога најави дека ќе собира 10.000 потписи од граѓаните, како зацврстување на нејзината кандидатура, со желба да биде прифатена како натпартиски кандидат.

Потегот со собирањето потписи за кандидатурата на Силјановска  е да се „потврди поддршката која ја ужива меѓу граѓаните“, со што таа би била „граѓански кандидат подржан од ВМРО ДПМНЕ“ .



Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите