19 Април, 2024
0.0276

Силк Роуд Банка ја предаде втората донација на Клиниката за детски болести

Објавено во: Мои пари 07 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје ја предаде втората донација на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработкаминатата година, со кој банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.

Втората донација се состои од набавка на инхалатори за потребите на клиниката и дечињата кои престојуваат во неа. Средствата за набавка на донацијата во износ од 105 илјади денари, се обезбедени на тој начин што за секоја трансакција со Американ Експрес картичките на Силк Роуд Банка, банката одвојува по пет денари за потребите на Клинката.


„Ни претставува особено задоволство што ја предадовме и  втората донација во рамки на нашето долгорочно парнерство со Клиниката за детски болести. По доставувањето на првата донација која се состоеше од креветски чаршафи, перници и навлаки за перници реакциите во јавноста беа позитивни од причини што Силк Роуд Банка е единствената банка во државата која има склучено меморандум за партнерство со клиниката. Задоволство ни е што ја предаваме и втората донација во вид на инхалатори за потребите на дечињата кои се лечат во клиниката. Средствата од донацијата беа собрани на начин што со секоја трансакција со Американ Експрес картичките на нашите клиенти банката издвојуваше по 5 денари за набавката на инахалторите.“,изјави Александар Кировски, член на Управниот одбор на Силк Роуд банка.

Реaлизацијата на втората донација од  Силк Роуд банка ја поздрави и директорот  на Универзитетската клиника за детски болести д-р Катерина Ставриќ:

„По првата донација од Силк Роуд банка, пристигна и втората донација овој пат инхалатори, кои што ни се неопходни за дечињата кои претстојуваат во клиниката. Сакам да ја истакнам одличната соработка меѓу Клиниката и Силк Роуд банкаод која придобивки имаат и двете страни и секако продолжуваме и во иднина со заедничката соработка” вели директорката.


Силк Роуд Банка е единствена банка во Македонија со 100% швајцарски капитал и е ексклузивен издавач на Американ Експрес картичките во земјава.


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ