28 Март, 2024
0.0267

Силк Роуд Банка во среда започнува со предвремена исплатата на пензиите за јануари

Објавено во: Мои пари 25 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека предвремената исплата на пензиите за месец јануари ќе се врши на 26.01.2022 година (среда). Почнувајќи од 26.01.2022 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.

Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 26.01.2022 година (среда), согласно распоредот направен според висината на пензијата:

·  Во среда, на 26.01.2022 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

·  Во четврток, на 27.01.2022 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

·  Во петок, на 28.01.2022 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

·  Во понеделник, на 31.01.2022 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

Имајќи ги предвид преземените безбедносни мерки во експозитурите, а со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна во банката да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.

Од банката напоменуваат при посета на експозитурите да се почитуваат преземените безбедносни мерки и воспоставениот ред за влез и излез, како и задолжително носење на заштитна маска со себе и одржување на минимално растојание од 2 мeтри од останатите клиенти и банкарските службеници.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира