Добивај вести на Viber
Земјотрес со јачина од 5 степени го стресе Иран.
Погоден беше западниот дел на Иран, објави денеска американскиот геолошки центар. Универзитетскиот сеизмолошки центар во Техеран објави дека потресот се случил во 13 и 41 часот по локално време и бил на длабочина од 10 километри.
Земјотрес со јачина од 5,5 степени го потресе утрово брегот на Мексико, соопшти американскиот геолошки завод..
Епицентарот бил на 125 км југозападно од градот Мапастепек и на длабочина од 15,8 км. Засега нема податоци за евентуални жртви или предизвикана материјална штета во двата потреси.
Иран често е на удар на земјотреси, а дел од нив завршуваа со десетици повредени.
Во 2018 година пак во Мексико имаше силен земјотрес од 7.2 степени, при што имаше уништени домови и повредени луѓе.