СИЛНО НЕВРЕМЕ: Се бројат штети на островот Сами во Грција
Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2017
Ураганот „Евридика” го погоди грчкиот остров Сими, при што надојдените води однесоа десетици автомобили во морето, а калта ги преплави улиците.
Се бројат штетите, а многу домови се без струја.
Властите во Грција се во зголемена готовност. За нанесените штети е информиран и премиерот на земјата, Алексис Ципрас. На островот пристигна засилувања од противпожарната служба и крајбрежната стража, за да ги расчистуваат патиштата и да ја испумпаат водата.
Грчките метеоролози предупредија дека на Грција и се заканува нов бран на лошо време, кое ќе трае до петок, до кога се очекува интензивните врнежи и невремето да премине во поголем дел од земјата, а особено во реонот Тесалија и во северниот дел од земјата.