СИЛНО ПРЕТЧУВСТВО: Што му кажала оваа жена која загина во украинскиот авион на сопругот пред полетувањето?
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2020
Дваесет минути пред полетувањето на авионот од Техеран, Шејда Шадко го повикала својот сопруг откако се качила на летот.
„Разговарав со неа 20 минути, пред да полета авионот“, рекол нејзиниот сопруг Хасан Шадко.
-И реков да не се грижи-открива тој.
Додава дека била загрижена поради напнатоста помеѓу Иран и САД откако Трамп нареди убиство на Сулејмани.
-Сакаше да ја убедам дека се ќе биде во ред и дека нема да има војна. И реков да не се грижи и дека ништо нема да се случи-рекол Шадко.
Потоа го поздравила и го исклучила мобилниот телефон за да се подготви за полетување.
Шејда земале годишен одмор од три недели за да отиде да ги посети мајка си и сестрата во Техеран. Преку Киев се враќала дома во Канада.
Потсетуваме, Боинг 737 на авиокомпанијата Ukraine International Airlines се урна едолго по полетувањето од аеродромот во Техеран. Загинале сите 176 патници и членови на екипажот.