29 Март, 2024
0.0289

Симнат пратеничкиот имунитет на Барбарусис, кој повика Ципрас да биде уапсен поради Преспанскиот договор

Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Грчкиот парламент му го симна пратреничкиот имунитет на членот на „Златна Зора“, Константинос Барбарусис, кој минатиот јуни во законодавниот дом повика на државен удар и да се уапси премиерот Алексис Ципрас поради Преспанскиот договор.

157 пратеници одлучија да му се одземе имунитетот прифаќајќи го барањето на обвинителот за да може да му се суди за повик за државен удар како и за незапирање на наредба од страна на полицијата. Барбарусис истиот ден не застана со својот автомобил на повикот на полицијата која доби наредба да го спроведе.

По повод постигнатата спогодба од Преспа тој ги повика вооружените сили да го уапсат Ципрас, претседателот на Републиката, а потоа и министерот за одбрана, Панос Каменос, со што се подигна бура од политички реакции, а имаше и административни иницијативи за казнување на неговата партија „Златна Зора“.

Грчките власти го ослободија од притвор пратеникот на екстремно десничарската партија, но со одземениот имунитет сега се отвора можноста да му се суди.

Тој требаше да плати 30 илјади евра, а забрането му е излегување од Грција. Барбарусис беше уапсен  три дена откако во парламентот, за време на дебатата за грчко македонскиот договор за името, повика војската да го уапси грчкото раководство. Барбарусис кој остро се противи на владиното решавање на спорот, подоцна ги повлече забелешките. 

Доколку биде осуден тој може да добие казна од над 20 години затвор. Барбарусис е исфрлен и од неговата партија Златна зора.


Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?