24 Април, 2024
0.0269

СИМУЛАЦИЈА: Еве колку драстично скока данокот на приходите од закупнини

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Со предложениот нов Закон за личен доход, се зголемува даночната стапка која се плаќа на приходите од закуп. Во оваа категорија спаѓаат доходите кои лицата ги имаат од издавање станови, куќи, дуќани, гаражи, викендици, возила. Сите тие од 2019 година, наместо досегашните 10 отсто ќе плаќаат по 15 проценти данок на парите кои ги оствариле од закупот. Тоа е педесетпроцентно зголемување. Сепак тоа не е се. Во новото законско решение се намалуваат таканаречените нормирани трошоци. Тоа е процент од сумата која на годишно ниво се одзема од вкупниот бруто приход пред пресметката на данокот.

Така ако сега нормираните трошоци изнесуваат 25 проценти за ненаместени простории од следната година процентот е намален на 10 отсто.

За наместени простории нормираните трошоци беа 30 проценти, од 2019 година се намалуваат на 20 отсто.

Фактор во консултација со даночни експерти направи симулација за нето закупнина од 22.000 денари. Со новите правила за нето закупнина од 22.000 денари ќе се плаќа данок од 3.434 денари. Во моментов или со актуелниот закон за истата нето закупнина се плаќа данок од 1.800 денари. Тоа е зголемување од неверојатни 90 проценти.

Министерството за финансии досег ане објави податок колку дополнителни пари ќе се соберат од зголемувањето на данокот кај доходите од капитал, ниту пак за што точно ќе ги троши.

Плаќањето на данокот од доход од зауп и подзакуп е регулирано во членовите 52, 53, 54 и 55 од новопредложениот закон за личен доход.

Еве ги одредбите од тие членови

Член 52

Под доход од закуп и подзакуп  се подразбира доходот што обврзникот го остварува од издавање под закуп и подзакуп на недвижен и подвижен имот.

Член 53

Обврзник на данокот на доход од закуп и подзакуп  е физичко лице кое остварува доход од закуп и подзакуп.

Член 54

(1) Основа за пресметување на данокот на доходот од закуп претставува бруто доходот намален за нормираните трошоци во висина од 10% од доходот.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член основа за пресметување на данокот на доходот од закуп на опремени станбени и деловни простории претставува бруто доходот намален за нормираните трошоци во висина од 15% од доходот.

(3) Основа за пресметување на данокот на доход од подзакуп претставува бруто доходот намален за закупнината што ја плаќа закуподавачот.

(4) Во доход од закуп и подзакуп се вклучуваат и вредностите на сите давања и услуги на кои се обврзал закупецот, односно подзакупецот да ги изврши за сметка на закуподавачот.

Член 55

Ако пријавениот доход од закуп и подзакуп е помал од оној што може да се постигне според локални прилики, органот за јавни приходи го утврдува можниот доход со споредување на закупнината за сличен имот што се издава под закуп и подзакуп под приближно еднакви услови.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска