Син на бизнисмен јадел во ресторан, и откако немал пари да плати му скршиле рака и ребро
Објавено во: Балкан 04 Август, 2022
Во ресторан во хрватскиот град Пула откако не ја платил сметката е претепан син на бизнисмен.
Локалните медиуми пишуваат дека персоналот на ресторанот го претепал 26-годишниот гостин затоа што не ја платил сметката.
„Син ми седна во ресторан, и додека ме чекал , јадел пица и пиел пиво. Бидејќи поради работни обврски задоцнив да му донесам пари да плати и да си оди дома. Меѓутоа, штом стигнав на паркингот тој беше на другата страна од патот, видов како целиот персонал од ресторанот го удира додека лежи на земја. Мислеле дека ќе избега и викаа по него. Сега е со скршена рака и едно ребро. Дири и да имало некаков проблем, било какво недоразбирање, не е нормално да претепате човек за пица“, вели таткото на нападнатото момче, сопственик на неколку кафулиња во Пула.
Медиумите побарале одговори и од ресторанот каде се случил инцидентот.
„Се случувало некој да нема пари или тврдоглаво да плати, но никој никогаш не бил нападнат. Ние ја негуваме репутацијата на нашиот бар и навистина тоа што ме прашувате ми е за неверување“, изјавил сопственикот на ресторанот.
Од полицијата го потврдија настанот. Полицијата го испитува настанот со повредата на 26-годишното момче кое на 31 јули околу 23.20 часот пријавило дека на Форуот во Пула е нападнат од повеќе лица затоа што не платил за оброкот кој го конзумирал во ресторанот. Во инцидентот тешко повредено е момчето.