17 Мај, 2022
0.0320

Синдикална минимална кошница: Здравјето секогаш последно на листата?

Објавено во: Економија 08 Јули, 2019

Најмногу пари се даваат за храна и пијалоци, а најмалку за култура и за здравјето.  Ова може да се забележи од вредноста на синдикалната минимална кошница.

Таа за април  2019 година изнесувала  32.990 денари, а за март  2019 година изнесувала 32.852 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари годинава чинела 32.761 денари. Но, многу мал дел од овие пари се трошат за култура или за одржување на здравјето. За културата граѓаните одвојуваат  над 1.000 денари и нешто повеќе од 700 денари за здравјето. 2.331,66 денари се трошат во просек за хигиена, 2.386,93 денари за превоз и 2.164,90 за облека и обувки. Ова покажува дека во трката за преживување, да се задоволат основните животни потреби, граѓаните го запоставуваат здравјето. Oд друга страна 13.909 денари се трошат просечно за храна и пијалоци.

„Meне лично една третина од пензијата ми оди за лекови, а останатото за други потреби. Младите повеќе трошат за храна и шетање, може да се каже и луксуз. Се сменија времињата и менталитетот, нас нѐ учеа на штедење, а денес младите повеќе сакаат да уживаат и така ги трошат парите, но можеби така е подобро“, вели пензионерка од Куманово.

Друга жена од внатрешноста вели дека луѓето одат на лекар само кога мораат, а првенствено водат сметка да обезбедат храна, затоа што пари и онака нема многу.

„Народот се труди да обезбеди храна и тоа е минимално. Еве јас веќе трет ден за храна трошам само по 100 денари. Луѓето се грижат за здравјето дури откако ќе се разболат, инаку немаат пари за на лекар. Ние со години веќе не живееме, туку преживуваме“, додава Марија.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за декември  2018 година била 32.671 денари, а граѓаните во просек за здравјето тогаш трошеле по 696 денари.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Откако Индија забрани извоз на житарици, цените скокнаа

Откако Индија забрани извоз на житарици, цените скокнаа

Кога Бугарија ќе влезе во еврозоната?

Кога Бугарија ќе влезе во еврозоната?

Колку рубљи се тргуваат за еден долар?

Колку рубљи се тргуваат за еден долар?

Цената на „црното злато“ е највисока во последните седум недели

Цената на „црното злато“ е највисока во последните седум недели

За првпат имале помалку невработени отколку слободни работни места

За првпат имале помалку невработени отколку слободни работни места

СОНК и МОН се на чекор до договор за платите

СОНК и МОН се на чекор до договор за платите

Инфлацијата е најголемата грижа на Германците – се бараат производи на попуст, а се штеди и на енергија

Инфлацијата е најголемата грижа на Германците – се бараат производи на попуст, а се штеди и на енергија

АСО реши 4 пати повеќе претставки во корист на осигуреници

АСО реши 4 пати повеќе претставки во корист на осигуреници

ДЕН КОГА САУДИСКИОТ ГИГАНТ ГО ТРУНА ЕПЛ ОД ТРОНОТ: Вака „Aramco“ стана највредната компанија во светот

ДЕН КОГА САУДИСКИОТ ГИГАНТ ГО ТРУНА ЕПЛ ОД ТРОНОТ: Вака „Aramco“ стана највредната компанија во светот