29 Септември, 2024
0.0494

СИНДИКАТОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ АПЕЛИРА: Внимавајте да не предизвикате пожар, се стоплува и сите се дома

Објавено во: Македонија 10 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија ги повикува граѓаните, во услови на рестриктивна слобода на движење, во услови на борба со пандемијата и ангажираност во таа борба на интервентните човечки ресусрси со кои располага државата, со особена одговорност да се однесуваат кон можноста за предизвикување на пожар.

Ваквата претпазливост и овој јавен повик, велат од синдикатот, го упатуваат од следните причини.

- со зголемување на температурите на воздухот се зголемува можноста за предизвикување и брзо ширење на пожарите,

- со ограничување на движењето на самите вас - граѓаните кои сте нашиот најголем соработник и помагач во борбата против пожарите, се намалува можноста од вашата асистенција во заедничката борба со огнените стихии, но особенo со можноста правовремено да ни дојавите за пожарите што заедно со нашата брза интервенција се клучниот фактор за нивното сузбивање,

- со ограничување на движењето, зголемен е бројот на лица кои престојуваат во своите домови а со тоа и можноста за загрозување на животите на поголем број граѓани одеднаш што значи и помала можност за нас да го постигнеме ефектот што го посакуваме .

„Затоа во име на вашата безбедност, безбедноста на вашите најблиски и на сите нас кои сме дела од системот на вашата колективна заштита, апелираме да се воздржите од палење на ѓубриштата, контејнерите, отпадот, стрништата и со нагласена внимателност да рaкувате со сите средства и уреди кои се потенцијални причинители на пожарите“, нагласуваат од синдикатот на пожарникарите.

НСПМ со своето членство - пожарникарите, отсекогаш а особено во оваа исклучително тешка состојба со која се  соочуваме, се со вас во својот полн состав со зголемен интензитет на приправност за интервенција. 

Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки