28 Март, 2024
0.0272

СИНОВАК ЌЕ ПРИСТИГНЕ ВО СКОПЈЕ В НЕДЕЛА СО ДВА АВИОНА: Утре стигнуваат 100.000 вакцини Фајзер, ќе се забрза темпото на вакцинација

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека в недела на скопскиот аеродром ќе пристигнат 500.000 кинески вакцини од производителот Синовак, кој веднаш ќе бидат складирани во ладилните комори во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Инстититот за судска медицина.

-Кинеските вакцини, сите заедно, стигнуваат во недела на 27.јуни, во 14.00 и во 16.00 часот. По 250.000 слетуваат на аеродромот во Скопје. Веќе е направен план за складирање на две места, во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина, каде што има доволен капацитет во ладните соби да се сместат сите вакцини. Непосредно по добивањето на дозволата за пуштање на сериите во промет, верувам дека ќе биде во понеделник или вторник, бидејќи Агенцијата за лекови е спремна и ги очекуваат сите документи. Дел од документите се веќе електронски веќе пристигнати, а по ова вакцините ќе се дистрибуираат ширум државата. Исто така, пратка од 100.000 вакцини од Фајзер преку системот Ковакс треба да стигне во текот на утрешниот ден, нагласи министерот Филипче.

Министерот вели во наредниот период не се очекува голем ризик од нов бран, но состојбата внимателно ја следат, а по пристигнувањето на овие големи пратки вакцини ќе се забрза и темпото на вакцинација ширум земјава.

-Нашата проценка врз основа на сите анализи кои ги правиме и состојбата во околните земји, укажува дека некој голем ризик од нов бран сега, во скор временски период нема. Но, тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и затоа будно ја следиме состојбата. Има случаи во некои земји на заразени лица со индискиот сој, дури и вакцинирани, а тоа што е добро, во огромен процент, над 97-98 отсто од случаите не бараат хоспитализација, што значи дека клиничката слика е послаба. Затоа, сега ќе следи едно забрзано темпо на вакцинација ширум државата во сите вакцинални пунктови, рече Филипче.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија