25 Април, 2024
0.1247

СИПАНИЦИТЕ ГО ОСИПАА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО: Морбилите косат и животи носат

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Каде лежи вината што морбилите буквално во овој момент косат и животи носат?

Јавното здравство е „осипано“ од мали сипаници а денеска оваа болест ја однесе третата жртва.

Дали Министерството за здравство недоволно се обиде да ја едуцира јавноста од потребата за вакцинација? Што сега кога веќе има епидемија на морбили? Прашањата ги поставуваат и родители и упатени граѓани кои стравуваат од зголемување на заболените од мали сипаници. 

Во меѓувреме земјава се соочува со епидемија за чие заболување и единствената заштита е вакцнацијата.  Од компликации со морбили ноќеска починало уште едно дете од тетовскиот регион.

Последните инфрмации од здравствените служби се дека на Инфективна се јавиле нови заболени лица со морбили.

Станува збор за седум лица од кои четири се веќе на домашно лекување додека три лица се наоѓаат на инфрктивните одделенија а сите биле невакцинирани.

Дека и возрасните не се имуни покажува и фактот дека една од новите заболени е 32 годишна пациентка. Другите две лица се деца од една и пол година од скопска Кисела Вода и Чаир.

Во последните години се посилно антивакцинално лоби владее во регионот, а и кај нас од година в година расте бројот на родители кои одбиваат да ги вакцинираат сопствените деца. 

Најголем виновник за одбивноста на родителите според познавачите е токму Интернетот каде родителите може да прочитаат секави непоткрепени текстови.

Повеќето од нив се збунети и дезинформирани со информациите кои се пласираат преку социјалните мрежи и форуми, како и преку меѓусебните разговори на младите родители, неодамна во интервју за Фактор предупреди и актуелната директорка на Клиниката за детски болести и имунолог Катарина Ставриќ која открива дека од следната година ќе бидат воведени уште две задолжителни вакцини за пнеумокок и за рота вирусна инфекција кои ќе се спроведуваат во првата година. Со тоа Македонија ќе се изедначи со вакциналните календари на европските земји. 

„Мора да се нагласува постојано дека не сите информации кои родителите ги добиваат преку интернет се точни. Многу често се пласираат бомбастични информации за вакцините кои не се вистинити. Сепак ние лекарите работиме медицина која се базира на научни докази. Давање на медицински поткрепен одговор на сите нивни дилеми, стравови и разјаснување со стручно поткрепени податоци е најдобриот начин да се справиме со негативната кампања која владее во однос на вакцините“, вели проф.др. Ставриќ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот