20 Април, 2024
0.0251

СИТЕ 50,9 МИЛИОНИ ЕВРА ЕВТИНИ КРЕДИТИ СТИГНАА КАЈ ФИРМИТЕ - Развојната банка ќе ги дели и европските пари

Објавено во: Финансии 09 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Развојна банка на Северна Македонија денес ја повлече последната транша од евтините кредити за домашни компании, во вкупен износ од 20,4 милиони евра. Заклучно со оваа транша, досега се повлечени вкупно 50,9 милиони евра, односно сите средства кои беа предвидени како евтини кредити за домашните компании.

„Седмата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која ја користи Развојна банка е одобрена за нови 73 проекти на домашни компании. Со ова, досега на вкупно на 186 домашни компании преку шест комерцијални банки им се овозможи да користат евтини кредити со каматна стапка до 1,6 отсто. Овие 186 домашни компании ќе поддржат вработување на вкупно 605 лица“, соопштија од Развојната банка.

Најголем дел од овие средства, 33 проценти или 17 милиони евра се одобрени за проекти во секторот производство. Триесет отсто од средствата или 15,8 милиони евра се одобрени за секторот трговија, додека 9,6 проценти или 4,9 милиони евра се одобрени за проекти во секторот угостителство. За секторот транспорт се одобрени средства во износ од 5,3 милиони евра или 10,5 отсто, за секторот услуги се одобрени 3,8 милиони евра или 7 отсто, додека за секторот здравство се одобрени средства од 1 милиони евра. За други сектори се одобрени вкупно 3 милиони евра или 8 проценти.

Со повлекување на последната транша од фаза 5 на ЕИБ кредитната линија која во вкупен износ изнесува 100 милиони евра се заокружува кредитната линија, која во овие две години на реализација поддржа вкупно 332 проекти на домашни компании со кои се вработуваат 1.089 лица. Најголем дел од средствата, 35 милиони евра се одобрија за проекти во секторот трговија, 31 милиони евра се одобрија за производство, додека 10 милиони евра се одобрија за транспортот.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин