СИТЕ БИ САКАЛЕ ГЕРМАНСКИ ПЛАТИ: Пред да одите ова мора да го знаете
Објавено во: Свет 06 Септември, 2018
Германија е добро место за вложувања, но и место кое на странците им пружа добри услови за работа.
Но, ново истражување покажува дека странците не се чувствуваат добро во оваа земја, објави Б92.
Проблем се високите кирии, немање доволно место во градинки, високи трошоци за живот.
Ова ги мачи не само Германците, туку и странците кои доаѓаат да работат привремено.
Но, она што пречи е и лошиот однос на Германците кон странците.
Ова го покажува интернет студијата на платформата „InterNations“.
Но, ова не е ново. И лани странците се жалеле дека Германците не се гостољубиви.
Од 68 земји на списокот, Германија е на 38, а во 2014 година била на 12 место.
Дури 56% од оние кои се во Германија велат дека е тешко да се спријателат со локалното население.
Но, од друга страна Германците можат да учат од Бахреин, земја каде странците пријатно се чувствувале.